• A-
  • A
  • A+
вторник, 22 мај 2018, 

Најмалку две лица загина при напад врз џамија во Бенгази (ДПЛ)

Најмалку две лица загина при напад врз џамија во Бенгази (ДПЛ)

Триполи, 9 февруари 2018 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 75 се повредени во денешните две експлозии што одекнаа во џамија во градот Бенгази, источна Либија.

Двете бомби се активирани од далечина со помош на мобилен телефон за време на петочната молитва во џамијата „Саад ибн Абу Абада“. Бомбите биле поставени на различни места во џамијата.

Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.

Бенгази, вториот по големина град во Либија е под контрола на Либиската национална армија (ЛНА), предводена од Калиф Хафтар. ЛНА до крајот на минатата година се бореше против исламистите поврзани со Исламска држава и Ал Каеда.

Хафтар е можен кандидат за либиските национални избори, што би се одржале кон крајот на годината. Тој има репутација дека го стабилизира Бенгази и околината по анархијата што уследи откако пред седум години со помош на НАТО беше соборен од власт Моамер ел Гадафи.

Пред две недели во два бомбашки напади во Бенгази загинаа 35 луѓе. ми/19:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и нег...

На „Ибеј“ се продаваат подароци од кралската свадба

Десет торбички со подароци кои се делеле на венчав...

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години

Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечни...

Џенет Џексон ја поздрави кампањата #MeToo

На говорот по повод добивањето на Наградата за муз...

Британија не му издава виза на Роман Абрамович

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Челзи, р...