• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Британија привремено ја национализира железничката линија Лондон - Единбург

Британија привремено ја национализира железничката линија Лондон - Единбург

Лондон, 16 мај 2018 (МИА) - Британската Влада денеска најави дека одново ќе ја национализира железничката линија од Лондон до Единбург.

Најголем дел од железничките линии во Британија беа приватизирани во 1990-ите години, а линијата меѓу престолнините на Англија и Шкотска ја менаџира компанијата Стејџкоуч СТГ.Л., која има договор до 2023 година. Но, поради падот на бројот на патниците и намалувањето на профитот, министерот за транспорт Крис Грејлинг најави дека договорот ќе биде раскинат предвреме, и дека Владата ќе ја менаџира линијата во следните неколку години, по што ќе побара нов приватен партнер.

Ова е трет пат договорот за линијата да биде раскинат од 2007 година досега. Опозициската Лабуристичка партија побара линијата да биде трајно национализирана, а истото го побара и синдикатот на британската железница Јунајт. цч/19:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ