• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Истражување: Довербата во ЕУ стигна до 42 проценти

Истражување: Довербата во ЕУ стигна до 42 проценти

Брисел, 14 јуни 2018 (МИА) - Довербата во ЕУ стигна до 42 отсто, еден процент повеќе од највисокото ниво есента  2010 година. Тоа го покажуваат податоците од истражувањето објавено денеска од  Европската комисија.

Во 15 држави од  ЕУ, мнозинството од испитаниците имаат  доверба во Заедницата. Довербата е најголема во Литванија (66 проценти), Португалија и Данска (57 проценти), и во Луксембург и Бугарија (56 отсто).

Од минатата есен довербата во ЕУ  пораснала во 19 држави, особено во Португалија (57 отсто, повеќе за шест проценти) и Словенија (44 отсто, зголемено за шест проценти), додека во шест држави се  намалува, особено во Белгија (47 отсто, помалку за шест проценти), Унгарија 44 проценти  (помалку  за пет отсто) и Словачка 44 отсто (намалена за четири проценти).

Само 40 проценти од Европејците имаат позитивна перцепција за ЕУ, 37 проценти се неутрални, а 21 процент имаат негативен став. Најголем дел од луѓето со позитивно мислење се во Ирска (64 отсто), Бугарија и Португалија (56 отсто) и Луксембург (54 отсто). ир/зш/13:17

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.