• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Трамп: Еден ден Иран ќе ме повика за да се договориме

Трамп: Еден ден Иран ќе ме повика за да се договориме

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден ден ќе попуштат тензиите во односите помеѓу САД и Иран и оти очекува повик од Техеран.

Тој додаде дека сега Техеран се однесува кон Вашингтон со многу повеќе почитување откако САД се повлекоа од Договорот за иранската нуклеарна програма.

- Знам дека Иран има многу проблеми и дека им се урива економијата. Но, ова ќе Ви го кажам: Во еден момент ќе ме повикаат и ќе ми речат - „ајде да се договориме“. И ќе постигнеме договор, посочи Трамп. 

Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги повика американските сојузници да помогнат Иран да биде ставен под економски притисок и го обвини Техеран дека продолжува да продава оружје на Блискиот Исток и покрај резолуциите на Обединети нации.

- Треба да го прекинеме целото финансирање, што режимот го користи, за да финансира тероризам и посредува војни, напиша Помпео на Твитер пред средбата во Брисел со Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. ми/15:14

###

 

ми/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...