• A-
  • A
  • A+
петок, 20 јули 2018, 

Дуда: Путин е окупатор и агресор

Дуда: Путин е  окупатор и агресор

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Претседателот на Полска, Анджеј Дуда по повод претстојната средба на претседателите на САД и на Русија во Хелсинки на 16 јули, изјави дека би било шокантно доколку Доналд Трамп направи какви било отстапки на Владимир Путин.

Дуде запрашан дали е загрижен оти средбата Путин - Трамп би можела да има негативни последици по Полска, истакна дека очекува Трамп да продолжи со американската политика на поддршка за Варшава.

- Навистина би било шокантно доколку се воспостави дека тој (Трамп) би се повлекол од стратегијата за обезебдување на овој дел од светот. И би било шокантно доколку (Трамп) направи какви било отстапки на Владимир Путин, посебно имајќи предвид што Русија и прави на Украина. Тој (Путин) е окупатор, агресор, наведе Дуда. ми/16:08

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.