Италија ќе воведе забрана за работа на продавниците во недела

Италија ќе воведе забрана за работа на продавниците во недела

Рим, 12 септермври 2018 (МИА) - До крајот на годината, новата италијанска Влада ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.

На овој начин, Владата се обидува да ја заштити традицијата на семеен собир во недела, изјави вицепремиерот Луиџи Ди Мајо.

Извршниот директор на трговскиот синџир „Конад“, Франческо Пуљезе реагира дека забраната ќе доведе до околу 50.000 откази. 

- Истовремено, ќе се засили интернет продажбата, што негативно ќе се одрази и на големите и на малите трговци. Забраната за работа во недела во време кога светот оди во друга насока е смешно. Секогаш ме загрижува кога државата ќе почне да кажува кога треба да се купува, рече Пуљезе.

Се проценува дека најмалку 19,5 милиони Италијанци купуваат во недела и тој ден, според анализите, е втор најисплатлив во неделата.

Сегашното законско решение им овозможува на трговците самостојно да ги одредат работните часови во неделите, во зависност од побарувачката. паг/сп/13:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...