• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Европарламентот ја одобри реформата на авторските права на интернет

Европарламентот ја одобри реформата на авторските права на интернет

Стразбур, 12 септември 2018 (МИА) - Наспроти интензивното лобирање на дигиталните гиганти, како Гугл и Амазон, европратениците денеска сепак ја поддржаа реформата на авторските права во дигиталната ера.

Идејата зад оваа реформа е да се модернизираат авторските права и да се поттикнат големите платформи, како Гугл, Амазон и Фејсбук, подобро да ги плаќаат оние кои креираат содржини на интернет и истовремено да се етаблира „соседно право“, кое ќе им овозможи приход на новинските агенции и весници кога се преземаат нивни содржини на интернет.

По денешното одобрување во Европарламентот, предлогот сега треба допрва да биде предмет на меѓуинституционални преговори во ЕУ, за време на кои несомнено битката на лобирањето помеѓу авторите и големите интернет платформи ќе продолжи со ист интензитет. тм/сп/13:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ