• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Ураганот Мајкл во САД усмрти 12 лица

Ураганот Мајкл во САД усмрти 12 лица

Вашингтон, 12 октомври 2018 (МИА) - Бројот на загинати во разорниот ураган Мајкл, што ги погоди американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, денеска се искачи на 12, а властите стравуваат дека бројот на жртви најверојатно ќе расте.

Спасувачките екипи кои користат тешка механизација продолжуваат да ги расчистуваат урнатините.

- Очекувам денеска и утре да порасне бројот на загинати, изјави директорот на Федералната аганција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг.

Ураганот Мајкл денеска ослабна и продолжи да се движи над Атлантски Океан, североисточно од Норфолк во Вирџинија.

Ураган Мајкл (ЕПА)

Мајкл, најмоќниот ураган во континентална Америка во последните 50 години, го зафати северозападниот брег на Флорида во близина на Мексико Сити со ветер од 250 километри на час. Невремето уништи цели редови куќи, оставајќи ги само темелите.

Околу 1,1 милион домаќинства, трговски и бизнис објекти во Флорида, во Алабама, во Џорџија, Северна и во Јужна Каролина останаа без електрична енергија.

Движејќи се кон внатрешноста, ураганот уништи голем број далноводи и дрвја. ми/17:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...