• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Советот на Општина Велес го усвои ребалансот на буџетот

Советот на Општина Велес го  усвои ребалансот на буџетот

Велес, 31 октомври 2014 (МИА) - Советот на Општина Велес на својата вчерашната 26 седница  направи ребаланс на буџетот на Општина Велес.
 
Како што денеска за медиумите  информира Мартин Мајсторов портпарол на Општина Велес, со новите измени  има за 14,9 милиони денари  помалку средства во касата на Општина Велес. Инаку, ова е втор ребаланс на буџетот годинава,  Советот на Општина Велес првите  измени на буџетот  ги направи на својата седница во јули годинава.

Како што појасни Мајсторов, ребалансот на буџетот е само последица од измените и дополнувањата во програмите за работа на Општината.
 
- Ревидирани се осум од нив. Дел од проектите кои биле предвидени за реализација се преместуваат за наредната година, а дел пак се реализирале иако не биле предвидени,информира Мајсторов.
 
Мајсторов појасни дека  намалување има во графите на даночни приходи и капитални приходи. Трансферите, неданочните и приходите од дотации остануваат исти. ад/цр/15:04

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.