Соработка на општините Велес, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман

Соработка на општините Велес, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман

Велес 20 мај 2015 (МИА)  - Предлог одлука за меѓуопштинска соработка помеѓу Велес, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман е усвоена на денешната седница на Советот на Општина Велес.
 
Според Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес, од Центарот за развој на Вардарскопланскиот регион до Советот  пристигнало барање за поведување иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општините Велес, Кавадарци, Градско, Чашка и Росоман. Тој појасни дека по согледувањето на барањето се изработила проценка за потребата од воспоставување мост помеѓу соседните општини и токму во овој правец е и предложената Одлука до Советот на ОпштинаВелес.

 - Целта на оваа соработка е да ги идентификува, координира и да реши дел од потребите во ранливата група на лица во Вардарскиот плански регион, преку заедничка соработка меѓу општините, бизнис секторот, граѓаните и НВО сектор. Конкретни активности ќе се имплементираат во сите пет општини со кои ќе се добие поквалитетна социјална грижа за лицата од ранливите групи, потенцира Колев.
ад/лв/17:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...