• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Помалку од триесетина првачиња запишани во трите училишта во Старо Нагоричане

Помалку од триесетина првачиња запишани во трите училишта во Старо Нагоричане

Куманово, 30 август 2018 (МИА) - Во општина Старо Нагоричане, годинава ќе се запишат речиси идентичен број првоодделенци, како и претходните години, информираа надлежните од училиштето.

На подрачјето на оваа рурална општина има три училишта.

Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане и подрачните училишта во селата Алгуња и Никуљане годинава во прво одделение запишани се девет ученици, што е за еден ученик помалку во однос на претходната година. Во ова училиште наставата се изведува на македонски и српски наставен јазик.

Во основното „Христијан Карпош“ во село Младо Нагоричане пак, годинава има запишано 12 првачиња, што е за еден повеќе во однос на минатата учебна година. Ова училиште опфаќа уште две училишта во селата Облавце и Бајловце.

Пет првоодделенци ќе тргнат во новата учебна година во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во село Драгоманце што е за еден повеќе во однос на минатата учебна година. Ова училиште има четири подрачни училишта во селата Пелинце и Челопек и во планинските места Жегљане и Арбанашко.ам/сд/12:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...