Се уредува излетиштето „Динќут“ во Гевгелија

Се уредува излетиштето „Динќут“ во Гевгелија

Гевгелија, 30 август 2018 (МИА) - Во Гевгелија се интензивираа градежните активности за уредување на излетиштето „Динќут“ со финансиска подршка од околу 170.000 евра доделени од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Завршено е трасирањето на патеките со изработка на калапите за печатен бетон со кој тие ќе бидат покриени. Инсталирана е електричната мрежа по што ќе следи и поставување на канделабрите, а паралелно со ова се работат и другите елементи кои ќе бидат поставени на излетиштето, соопштија денеска од службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

Со проектот е предвидено уредување на детско игралиште со трамболина, тобоган, лулашки, вештачка карпа за искачување и игралиште за мал фудбал. Составен дел од излетиштето ќе бидат уште фитнес зоната, летното кино и трим патеката за возрасната група на посетители.им/скс/13:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ