• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Општина Чешиново-Облешево гради пристапна пешачка патека во Чешиново

Општина Чешиново-Облешево гради пристапна пешачка патека во Чешиново

Кочани, 30 август 2018 (МИА) - Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево ги почна градежните активности за изградба и уредување на пристапна пешачка патека по должината на улицата „АСНОМ“ во селото Чешиново.

Заедно со изградбата на патеката се поставува и атмосферска канализација, а се обновува и дел од електрична инсталација за јавно осветлување.

- Станува збор за инфраструктурно уредување на главниот влез во селото кое според техничкото решение ќе добие пешачка патека поплочена со павер елементи во должина од над еден километар на која ќе биде поставена урбана опрема, клупи и метални корпи за отпадоци. Со нејзиното комплетирање ќе обезбедиме поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, особено за пешаците кои се движат во правец на магистралниот пат и кон околните стопански капацитети, истакна градоначалникoт на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува над 3,7 милиони денари, од кои половината се обезбедени од општинскиот буџет, а преостанатиот дел преку Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој. та/рп/14:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ