Работна средба „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“ во Струмица

Работна средба „Заедно до поголема безбедност во сообраќајот“ во Струмица

Струмица, 30 август 2018 (МИА) - Во организација на СВР-Струмица, а со поддршка на локалната самоуправа, денес се одржа работна средба на претставници од советите на родители и училишните одбори, директори и стручни соработници од основните и средните општински училишта,  советници од Советот на општина Струмица и претставници од МВР.

Според портапаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, со ова средба продолжуваат активностите на полицијата за поголема безбедност  на сите учесници во сообраќајот.

-На присутните им елабориравме што работевме во изманитиве три месеци како Отсек за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај за зголемување на безбедноста. Пред почетокот на новата учебна година апелираме до сите учесници во сообраќајот на почитување на правилата и прописите и намалување на прекршоците и последиците од нив, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Присутните на средбата беа запознати со општите одредби за поголема безбедност во сообраќајот, со потсетување за почитување на законските правила и прописи, со активностите кои ги презема СВР Струмица во делот на контрола на сообраќајот, а посебен акцент беше ставен на влијанието што родителите и училиштето треба да го имаат врз учениците за почитување на сообраќајната култура. рт/бк/14:45

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ