• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Трет јавен оглас за избор на транспортер за градскиот превоз во Кочани

Трет јавен оглас за избор на транспортер за градскиот превоз во Кочани

Кочани, 30. август 2018 (МИА) - Локалната самоуправа на Кочани планира да потроши над 800 илјади денари со кои ќе го субвенционира функционирањето на јавниот градски превоз во наредниот едногодишен период.

Јавниот оглас за избор превозник е објавен по трет пат, откако досегашниот транспортер се откажа од обезбедување на услугата, а претходните два огласи беа неуспешни.

Советот на општина Кочани веќе даде согласност субвенционирањето од буџетот да изнесува 50 отсто од цената на билетот, односно на секои 10 денари што ќе ги плати патникот, на превозникот да му се доплаќа уште толку.

- Превозникот „Авто атом“ кој досега го извршуваше градскиот превоз од почетокот на август престана да ја обезбедува услугата затоа што не се согласивме со условите што ни беа поставени од негова страна. Едноставно, бевме уценети по првиот распишан повик затоа што ни беше побарана цена од 30 денари за билет, сума што не е во согласност со одлуката на Советот, истакна градоначалникот на Кочни, Николчо Илијев.

Со јавниот повик за избор на нов транспортер, што трае до 20 септември, определено е дека јавниот градски превоз ќе се одвива на линиите од селото Оризари преку населбите Усова Чешма и Бавчалук, спојот на улицата „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија и обратно.

Продолжувањето на функцијата на јавниот превоз се спроведува во согласност со одредбите во Законот за локална самоуправа според кој Општините се надлежни за уредување и организирање на јавниот локален транспорт на патници. Законска обврска за организирање јавен превоз имаат општините со повеќе од 100 илјади жители, но општина Кочани од пред пет години самоинцијативно го започна давањето на услугата. тс/сст/15:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...