• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Градоначалникот Димитриевски во посета на збратимената Општина Чорлу

Градоначалникот Димитриевски во посета на збратимената Општина Чорлу

Куманово, 31 август 2018 (МИА) - Соработката во културата и во спортот, како и можната економска соработка, беа клучните теми за кои разговараа градоначалникиот на општина Куманово Максим Димитриевски и неговиот турски колега, градоначалникот на општина Чорлу Ахмет Сарикурт.
 
Димитриевски, придружуван од турската заедница во Куманово, по повод националниот празник на Република Турција и на покана на Сарикурт, престојува во Чорлу. 
 
 
Како што соопшти Општина Куманово, Димитриевски му го честитал изборот на Сарикурт за нов градоначалник.

Градоначалникот Сарикурт најавил можна посета на Куманово во почетокот на идната година во придружба на бизнис делегација со заинтересирани инвеститори за кумановската индустриска зона.

Општина Чорлу е најбрзорастечка општина во Република Турција.  Располага со над 2.500 мали и средни фабрики, а секоја година бројот на жителите се зголемува за 10.000. ам/мч/10:45

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ