Во тек е конкурост за наградата „13 Нември“

Во тек е конкурост за наградата „13 Нември“

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Град Скопје денеска соопшти дека се уште трае Конкурсот за пријавување за наградата „13 Ноевмри“, што беше распишан во јуни. 

- Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк), наведоа од Град Скопје. 

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања, во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот.

Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што преставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Наградите ќе бидат врачени на пригодна свеченост на 13 ноември, кога се одбележува Денот на ослободувањето на градот. см/са/11:27

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.