Соседска патрола низ Аеродром за поголема безбедност

Соседска патрола низ Аеродром за поголема безбедност

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, како и претставници на Полициската станица од Аеродром, Одделението за превенција при СВР-Скопје, и жители од тој дел на градот синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината, каде што претходно беа евидентирани зачестени нарушувања на јавниот ред.

- Екипите посетија повеќе паркови, воспитно-образовни објекти и игралишта во населбите Стар Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче, а активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Соседска патрола“, велат од Општина Аеродром.

Посочуваат дека, со лицата, кои ги затекнале на посетените локации, претставниците дискутирале за законските правила и прописи за превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје.

Проектот „Соседска патрола“ го спроведува Министерството за внатрешни работи, преку СВР-Скопје заедно со локалната самоуправа. 

Целта е да се зголеми сигурноста и безбедноста на граѓаните во нивните населени места. 

Во наредниот период почнуваат подготовките за втора фаза на проектот, кој ќе опфати воспоставување редовни активности за зголемување на безбедноста на територијата на Општина Аеродром. см/сд/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...