• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Кривопаланечките пензионери се подготвуваат за „Пензионерска Олипмијада 2018“

Кривопаланечките пензионери се подготвуваат за „Пензионерска Олипмијада 2018“

Крива Паланка, 31 август 2018 (МИА) – Членовите на кривопаланечкото здружение на старосни пензионери се подготвуваат за настапот на годинашната пензионерска олимпијада што во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија ќе се одржи во недела, 2 септември, во Радовиш.

На државните спортски игри ќе настапат екипа во слободни фрлања на кош и домино.

Натпреварувачите се пласираа на државните средби, по победата во регионалните.

-Екипата од Крива Паланка во состав: Данчо Стефановски, Димче Јанчевски, Блаже Тричковски и Киро Стојановски освои прво место на регионалните спортски игри во слободни фрлања на кош, додека Ангеловска Љубица беше најдобра во домино. Сите ќе ја претставуваат општината на републичката пензионерска спортска олимпијада, информира Данчо Стефановски, капитен на тимот во слободни фрлања на кош.

Првото место го освоија во конкуренција на екипи од Кратово, Ранковце, Крива Паланка, Злетово, Пробиштип и Куманово.

-Покрај екипите кои ќе настапат во конкуренција на најдобрите тимови од осумте региони во Македонија, на 22-та спортска Олимпијада за пензионери нашето здружение ќе има уште двајца претставници: Тодор Миленковски, државен судија во шах и судија во кошарка-слободни фрлања, Драган Ѓоргиевски, истакна претседателот на Здружение на пензионери,Славко Стојановски.

Стојановски нагласи дека очекуваат повторување на големите успеси од 2016 година, кога женскиот тим во слободни фрлања на кош го освои првото место во државата, додека со сребро се закитија дамите-пензионерки кои се натпреваруваа во пикадо-сисциплина.

На државната спортска пензионерска олимпијада право на учество имаат здруженијата на пензионери членки на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.ид/сд/12:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ