Повторно продолжен мораториумот на градби во општина Центар

Повторно продолжен мораториумот на градби во општина Центар

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Покрај донесувањето на полугодишните извештаи за работа на ЈП ПОЦ, секторите во општината како и извештаите за работа на градинките, на продолжението на 16-тата седница, советниците ги усвоија и измените и дополнувањата на блoкот девет од Деталниот урбанистички план „Градска четврт Ј 07“ – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, соопштија од Општина Центар. 

Советот на општина Центар, вчера го заврши продолжението на 16-тата седница и ја одржа 17-тата седница.

- Блокот 24, кој исто така беше предложен за измени и дополнувања, но поради низа неправилности, меѓу кои и зголемениот број на жители и возила, станбени објекти, како и потребата од повеќе зеленило, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, со 23 гласа „за“ и еден „воздржан“, се донесе одлука за недонесување на измените и дополнувањата на Блок 24, наведоа од Општина Центар. 

Оттаму велат дека со донесувањето на измените и дополнувањата на тие два блока, кои се наоѓаат во близина на новото училиште во Капиштец, ќе се овозможи непречено и безбедно функционирање на околните јавни објекти и ќе го олесни движењето на учениците и пешаците, а и на тој начин ќе се направи усогласување со Генералниот урбанистички план (ГУП), донесен од Град Скопје.

-  Се додека не се донесат измените и дополнувањата, нема да се гради на територијата на Блокот 24 од ДУП-от „Градска четврт Ј 07“, истакнаа од Општина Центар. 

Советниците, на 17-тата седница на општина Центар, со 14 гласа „за“ и шест „против“, по 4-ти пат ја продолжија одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните урбанистички планови, односно мораториумот за градби на територија на општината.

-  Со донесувањето на оваа одлука, општината прави чекор кон подобрување на животната средина и овозможување на похумани и нормални услови за живеење на жителите на Центар, информираат од Општината. 

Посочуваат дека, покрај продолжувањето на мораториумот за градби, на седницата советниците ги усвоиле и програмата за реконструкција и санација на градинки и основни училишта, одлуката за објавување конкурс за сценска уметност, како и одлука за прифаќање донација за урбана опрема од Амбасадата на Република Словенија во Македонија. см/са/13:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...