Општина Кисела Вода ги обновува пешачките премини пред училиштата и градинките

Општина Кисела Вода ги обновува пешачките премини пред училиштата и градинките

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Општина Кисела Вода спроведува акција за пребележување на пешачките премини на улиците пред сите училиштата и градиники на својата територија.

Пребележувањето, соопштија од општината, се врши со цел што поголема безбедност на учениците кои ги посетуваат основните училишта.

Покрај ова, пребележувањето ќе ја подобри и безбедноста и на останатите учесници во сообраќајот. Овие активности кои општината ги започна минатата недела според планот треба да завршат до почетокот на новата учебна година, информираат од општината. рп/са/13:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ