• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Гевгелија утре ќе се одржи „Смоквијада 2018“

Во Гевгелија утре ќе се одржи „Смоквијада 2018“

 Гевгелија, 31 август 2018 (МИА) -  Здружението на граѓани „Тера“ за утре го закажа 12. издание на фестивалот „Смоквијада 2018“ што ќе се одржи на просторот на стариот пазар, во центарот на Гевгелија.

Фестивалот на смоквата оваа година ќе се одржи со нов концепт, а тоа е можност за учество на секое семејство во натпреварувачкиот дел. Со цел да се даде придонес во зачувување на традиционалните вредности, организаторот соопшти дека одлучил секој натпреварувач слаткото да го вари дома, а една тегла да достави до организаторот на денот на одржување на фестивалот.

Квалитетот на слаткото ќе го оценува посебна комисија која ќе додели прва награда од 15.000 денари, втора од 10.000 и трета награда од 5.000 денари.

Во забавниот дел од фестивалот, што се одржува под покровителство на општина Гевгелија, ќе настапат познатата етно група „Љубојна“ и ансамблот за традиционална музика и игри „Бојмија“ од Гевгелија. им/сд/13:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ