Вклучена струјата во сите училишта во општина Битола

Вклучена струјата во сите училишта во општина Битола

Битола, 31 август 2018 (МИА) - Градоначалникот на Битола Наташа Петровска денеска изјави дека општината постигнала договор со ЕВН Македонија, исплатен е дел од долгот за неплатена струја и струјата е вклучена во сите основни и средни училишта во градот.

Петровска потврди дека најголем дел од долгот е исплатен, додека останатиот дел со соодветна динамика ќе биде надоместен кон ЕВН.

- Наследивме училишта со вкупен долг од над 4,5 милиони евра, 10 училишта беа со блокирани сметки почнувајќи од 2012 година до денес и притоа од вкупниот финансиски долг на училиштата, над 8 милиони денари беа долг за неплатена електрична енергија. Ние, со големи напори, во изминатиов период успеавме да ги одблокираме сите училишта, а потоа во најголем дел од заостанатиот долг за неплатена струја да го подмириме со што ЕВН како општествено одговорна компанија одлучи да пушти струја во училиштата, изјави Петровска.

Општина Битола деновиве и до понеделник ќе ги обележи сите пешачки премини кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата, со што новата учебна година ќе почне со звукот на училишното ѕвонче и со безбедни приоди кон сите училишта, беше нагласено на денешната средба со новинарите. мт/мд/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...