Донација од ФОД-Битола за ОУ „Св. Климент Охридски“-Битола

Донација од ФОД-Битола за ОУ „Св. Климент Охридски“-Битола

Битола, 31 август 2018 (МИА) - Фабриката за опрема и делови-ФОД денеска во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола донираше врати за училишниот двор. 

Генералениот директор на ФОД Методија Тасевски изјави дека со нивната донација и комплетната обнова на вратите во училиштето целосно ќе биде подобрена безбедноста за влегување и излегување од сите надворешни врати во училиштето, во кое учат околу 1.000 ученици. 

- Скромната донација од вработените на ФОД значи и поддршка на основното училиште „Св. Климент Охридски“-Битола која ја имаше и претходно, а ќе продолжи и понатаму бидејќи ние како општествено одговорна компанија сакаме да помагаме во рамки на можностите, но со единствена цел да се подобруваат состојбите во основното и средното образование во Битола. Новите и новодизајнирани врати ќе ги користат 955 ученици и нивните родители кои ќе доаѓаат во текот на школската година, истакна Тасевски.

Според директорката на ОУ „Св.Климент Охридски“-Битола Гордана Анастасова со поставувањето на новите врати се зголемува безбедноста во училшниот двор на училиштето кое статистички е најбројно основно училиште во градот со 955 ученици, а од нив 104 се првачиња. мт/мд/14:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ