• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во понеделник и вторник во Кичево прскање против комарци

Во понеделник и вторник во Кичево прскање против комарци

Кичево, 1 септември 2018 (МИА) - Во понеделник и во вторник екипа од Центар за јавно здравје Битола ќе спроведува теристичко дезинсекционо третирање за заштита од комарци во Кичево. 
 
- Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, информира раководителот на РЦУК-Кичево Сузана Тасеска.
 
Во прва фаза ќе бидат опфатени 800 хектари во градот Кичево и урбаните населби Осломеј, Зајас, Другово и Вранештица.
 
Со дезинфекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојните води, подрачјата околу каналните системи на територијата на Општината, урбаните населби и локалитети регистрирани во договор со локалната самоуправа, како потенцијални жаришта за развој и размножување на комарците.
 
Во случај на неповолни временски услови (ветер,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.рф/скс/11:32

###


Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...