Во Македонска Каменица доделена е првата донација од Europe' Raid 2018

Во Македонска Каменица доделена е првата донација од Europe

Македонска Каменица, 31 август 2018 (МИА) - Како дел од француската иницијатива Europe'Raid 2018 која неодамна во Македонска Каменица организираше донаторска акција, денеска на младите категории на ФК Саса и КК Баскет Кам им беше доделен првиот дел од собраните средства кои беа наменети за потребите на младите од Македонска Каменица.

Како што информираа од Асгард 2015 првиот дел од донацијата се состои во спортска опрема и реквизити.

- Акцијата организирана од страна на француската иницијатива, Асгард 2015 ја спроведе со поддршка на општина Македонска Каменица и уште неколку локални образовни установи. Денеска беше дониран само мал дел од собраните средства, а акцијата ќе продолжи на 03 септември, понеделник, и ќе се одвива во текот на целата наредна недела, рече Васко Десподовски, претставник на Асгард 2015. 

Во рамки на француската иницијатива Македонска Каменица на почетокот на месецот ја посетија околу 750 млади Французи кои во рамки на организираната акција собраа околу 6 тони училишен прибор и помагала кои ќе бидат наменети за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица. вс/ев/18:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ