• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

По 6.000 денари за секое новороденче во Старо Нагоричане

По 6.000 денари за секое новороденче во Старо Нагоричане

Куманово, 1 септември 2018 (МИА)

Општина Старо Нагоричане ќе исплаќа по 6.000 денари за секое новороденче.

 

 

Со оваа одлука што ја донесе Советот на Општината на последната седница, се менува досегашната од пред дванаесет години со која за секое новороденче се исплаќаа по 50 евра во денарска противредност.

Одлуката ќе стапи во сила осум дена од објавувањето во Службен гласник на општина Старо Нагоричане.

Покрај оваа одлука, советниците на последната седница одлучија да  остане одлуката донесена за ослободување од плаќање 15 метри кубни потрошена вода за пиење во рок од две години за секое семејство во Општина Старо Нагоричане кое е приклучено на системот за водоснабдување преку Јавното комунално претпријатие „Козјак" Старо Нагоричане. ам/мч/10:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ