Во излетничкото место Скребатно одржана шестата „Охридска софра“

Во излетничкото место Скребатно одржана шестата „Охридска софра“

Охрид, 1 септември 2018 (МИА) – Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно денеска по шести пат се одржа туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“.

Манифестацијата со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона во Охрид, се одржува во организација на општина Охрид, како активност за промоција на традиционалната охридска кујна преку презентација и демонстрација на приготвување локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето.

Градоачалникот на Охрид Јован Стојаноски истакна дека прекрасниот амбиент, негибнатата природа во комбинација со вкусовите на традиционалната кујна претставуваат актрактивен туристички производ што може да биде мошне привлечен како за домашните така и за странските гости.

- Определени сме да да креираме атрактивни пакети кои ќе бидат конкурентни пред се на странските туристички пазари. На нашите гости сакаме да им обезбедиме разновидна понуда во која, како ретко каде ќе можат да го испијат утринското кафе на брегот на едно од трите најстари езера во светот, да прошетаат и да ги видат древните споменици на културата, да дојдат овде да вкусат дел од специјалитетите на традиционалната кујна или да пропешачат по планинските патеки на Галичица, а навечер да посетат некој од охридските ресторани и да го почуствуваат духот на охридската чалгија. За секој ден ќе имаме понуда со нови содржини со кои престојот на туристите во Охрид и неговата околина, ќе го направиме да биде незаборавен, рече Стојаноски, изразувајќи уверување дека од година во година манифестацијата ќе добива на бројност, со побогата и побериќетна софра.

„Охридска софра“ е осмислена како своевидно продолжување на традициите врз кои се темели рурален развој, преку која се презентира креативноста на жителите, производителите на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна. аб/вј/17:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...