Натпревар во спортски риболов во Делчево

Натпревар во спортски риболов во Делчево

Делчево, 2 септември 2018 (МИА) - Езерскиот комплекс Сандански денеска беше домаќин на натпреварот во спортски риболов кој имаше натпреварувачки карактер. Десетина пријавени учесници се натпреваруваа во ловење крап, а за најдобрите од страна на општина Делчево беа предвидени симболични награди.

Организаторот во целост беше задоволен од одзивот на спортските риболовци од Делчево.

- Ова беше натпревар кој по 10 пат се одржа на езерскиот комплекс Сандански. Благодарност до сите кои со своето учество дадоа свој придонес во организацијата на овој настан кој веќе станува традиционален. Посебна благодарност до општина Делчево која беше главен покровител на настанот, истакна Ванчо Стојмирски, од Спортското риболовно друштво „Брегалница“.

По завршувањето на натпреварот првата награда во вредност од 3.000 денари ја освои Александар Захариев, второто место и наградата од 2.000 денари му припадна на Славчо Попов, додека третоплсиран беше Ванчо Стојмирски кој освои 1.000 денари. вс/вј/18:23

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ