• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Инфо Шкип:Tројното убиство во Дебар го извршила поголема ќерка на семејството Поцеста

Инфо Шкип:Tројното убиство во Дебар го извршила поголема ќерка на семејството Поцеста

Дебар,3 септември 2018 (МИА) – Извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка, која исто така со нив живеела во Италија, пренесува порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата..

Неофицијално се дознава дека Б.П. (25) откако го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.


Во извршување на убиствата и помагале две лица, едно од Гостивар, познато на полицијата по проблематичното однесување, кое и помагало во превозот, и едно од Дебар, кое го обезбедило пиштолот.

Тројцата се приведени и однесени во Основниот суд во Гостивар, што, заедно со Основното јавно обвинителство од овој град, се надлежни за ова кривично дело.

Според последните информации на тројцата им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, Амит (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14) Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.

Сопружниците Поцеста речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.

Трите безживотни тела ги пронашле роднини, кои откако виделе дека ги нема на домашната веселба на нивен близок роднина и не се јавувале на телефонските повици, заминале во нивната куќа, влегле преку отворен прозорец со помош на скала. Шокирани од глетката ја известиле Полицската станица од општа надлежност во Дебар,која потоа ја информирала Општата болница. Екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала, но за жал лекарот само констатирал смрт.

Тие беа погребани на градските муслимански гробишта во Дебар во вторникот, а до вечните почивалишта ги испратија неколку илјади дебарчани.вт/сд/01:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...