Се истражува експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“

Се истражува експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“

Прилеп, 3 септември 2018 (МИА) -  Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи вчера околу 16,10 часот. Според СВР Битола нема повредени, ниту загинати во експлозијата. Ситуацијата е стабилизирана, пожарот е локализиран.

При синоќешната посета на фабриката, никој на влезот не сакаше да зборува за случајот, туку само упатуваа на истражните органи кои треба да си ја завршат работата.

Во Самоков, во близината на фабриката, локалната жителка Светлана Божиноска само ни изјави дека и тие нешто слушнале, но не знаат никакви детали, ниту пак што се случува во фабриката.Според неа, раководството на фабриката доцнело со платите.

-Не ја слушнавме експлозијата. За неа дознавме по повеќе од еден час, кога стигна полиција од Македонски Брод, а и противпожарни возила. Знам само, како што велат жителите, имало експлозија пред влезот на еден од старите погони. Ова се нема случено 20-ина години. Тогаш имаше иксплозија и трагични последици, со загинати. Летово во фабриката беа вработени околу 150-ина луѓе, најголемиот дел од Самоков, другите од Македонски Брод. Ни беше чудно што ова се случува во недела, кога, освен чуварите, немаше никој.Во петокот се штрајкуваше зошто доцнеа платите и имаше ветување дека за неколку дена ќе се обезбеди плата. Има ново раководство, а со фабриката раководи некоја чешка фирма. Лично, експлозијата не ја слушнав, раскажува Божиноска.

Случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ го истражува полицијата.ем/сд/01:10

###

 


Virus-free. www.avast.com

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ