• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Почна учебната година во 10-те училишта во општина Карпош

Почна учебната година во 10-те училишта во општина Карпош

Скопје, 3 септември 2018 (МИА) - Во сите десет основни училишта  во општина Карпош денеска почна новата учебна 2018/2019 година. Во клупите седнаа 680 првачиња, а учебната одина непречено почна и за учениците од погорните одделенија.

Добредојде и успешен почеток на учебната година им посакаа заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов и градоначалникот на општината Стефан Богоев на учениците во основното училиште „Јан Амос Коменски“.

- Секое дете е нечиј свет! Затоа да се однесуваме со внимание и почит спрема децата – за да не ги разочараме. Да имаме разбирање и да ги поттикнуваме на разговор и комуникација. Да ги научиме дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче. Да не им ја рушиме самодовербата, туку да ги мотивираме да ги остварат своите соништа. Да се откажеме од “шаблон” образование и да го развиваме креативниот потенцијал кај првачињата, но и кај сите ученици. Да ги учиме да кажат благодарам, извини, пријатно, затоа што добриот збор и мисла е тоа што не води напред како заедница. Да веруваме во нашите ученици, но и да ги научиме да се радуваат на туѓите успеси, рече Богоев.

Тој додаде дека на дискриминацијата треба да се спротивставуваме со инклузија и на вклучување и на децата со посебни потреби во нормалниот образовен процес, затоа што секое дете треба да се чувствува еднакво и прифатено.

Заменик министерот Атанасов ги истакна определбите на МОН за ослободување на наставниот кадар од административни работи и раст на платите.

Од оваа учебна година, училиштето“Јан Амос Коменски” доби нова, реконструирана спортска сала, како и нови игралишта за фудбал и кошарка на отворено. Намерата на Општина Карпош, како што соопштуваат, е училишните дворови да прераснат во спортско – рекреативни центри.скс/сд/11:17

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ