• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта

Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта

Кавадарци, 3 септември 2018 (МИА) - Без проблем започна новата учебна година во кавадаречките училишта. Првачињата беа примени во образовниот процес со пригодна културно-уметничка програма, во изведба на постари ученици.

- Се надевам дека ова ќе биде најубавиот дел од вашето детство. Можноста за учење претставува богатство. Учете многу, не за еден ден, туку учете вредно, за да бидете добро едуцирани и образовани личности. Со добро знаење, добро срце, сторете нешто добро за светот, им порача Илинка Бакева, в.д директор во Основното општинско училиште “Страшо Пинџур”.

Добредојде во светот на образованието, бројките и буквите, во светот на училишната магија, посака и Блаже Велков, директор во училиштето “Тошо Велков Пепето”. На првоодделенците, тој им порача исто така, во училишните клупи да се чувствуваат како дома, а еден ден од таму кон новите животни предизвици, да заминат како културни, паметни и насмеани личности.свд/скс/11:52

###




     

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...