Во општина Маврово и Ростуше повеќе првачиња и средношколци

Во општина Маврово и Ростуше повеќе првачиња и средношколци

Ростуше, 3 септември 2018 (МИА) - Новата учебна 2018/2019 година успешно стартуваше во основните и средното општинско училиште, во општина Маврово и Ростуше.

Во четирите основни и нивните подрачни училишта што функционираат во оваа општина настава ќе следат 550 основци од кои 52 првачиња, што е за десет првачиња повеќе споредено со минатата учебна година.

Во Средното општинско училиште „Маврово Ростуше“ во Ростуше во прва година запишани се 50 ученици што е за околу 20 насто повеќе ученици споредено со учебната 2017/2018 година. Во оваа образовна институција настава ќе следат вкупно 136 ученици.

Градоначалникот на општината, Медат Куртовски денеска другаруваше со првачињата во деветолетките, а успешен почеток  во новата учебна година им посака и на средношколците и секако на сите вработени во образовните институции.

- Посакувам за сите пред се здравје, успех и добри резултати во натамошното образование. Вие сте нашата иднина. Младите и образовани кадри и тоа како му се потребни на нашиот регион, кој треба да го направат попросперитетно место со многу подобри услови за живеење,рече Куртовски.

Според Куртовски управите на училиштата во соработка со општината навреме превезеле засилени хигиенски мерки, извршена е дезинфекција на сите училишни просотрии,обезбеден е наствниот кадар, што даваат гаранција нормално одвивање на наставно воспитниот процес.вт/сд/12:04

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ