Гевгелиски „Комуналец“ ќе испраќа опомени за неплатени сметки

Гевгелиски „Комуналец“ ќе испраќа опомени за неплатени сметки

Гевгелија, 3 септември 2018 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија на 900 физички лица од општината, кои се уште ги немаат измирено своите обврски, со наредната септемвриска сметка на домашна адреса ќе им испрати и опомени за неплатени долгови.

- Сите корисници на услуги кои ги немаат измирено своите обврски заклучно со комуналната сметка за декември 2017 година,сметката за гробарина и за сите останати услуги, ги повикуваме долгот да си го платат најдоцна до 10 септември затоа што после овој рок на сите нив ќе им бидат поднесени предлози за издавање нотарски платен налог, велат од претпријатието.

Комуналците ги предупредуваат нередовните плаќачи до наведениот рок да ги измират неплатените сметки од причина што по истекот на рокот сметките ќе бидат оптоварени со дополнителни нотарски, адвокатски и трошоци за извршување.им/скс/13:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...