Во општина Центар Жупа учебната година почна за 555 основци и 80 средношколци

Во општина Центар Жупа  учебната година почна за 555 основци и 80 средношколци

Центар Жупа, 3 септември 2018 (МИА) – Во општина Центар Жупа, новата учебна година почна за 555 основци и 80 средношколци.

Од управите на училиштата потврдуваат дека по навремено превземените мерки и активности, во соработка со локалната власт, наставно воспитниот процес се очекува да се одвива без проблеми.

Во двете основни општински училишта, „Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа и „Неџати Зекирија“ во село Коџаџик, во прво одделение запишани се 51 ученик, што е за 12 првачиња помалку споредено со минатата учебна година.

- Во нашето училиште, во кое настава следат 287 ученици, на македонски, турски и албански наставен јазик, во прво одделение запишани се десет првачиња помалку или вкупно 22. Од нив девет за настава на македонски наставен јазик во подрачните училишта во Броштица и Горенци. Во училиштето во Центар Жупа за настава на македонски наставен јазик не е запишан ни еден ученик, за настава на турски 10, додека за албански наствен јазик три првачиња, изјави Музафер Сулејманоски, директор на ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“.

Според Абдул Реџеп, директор на ООУ„Неџати Зекирија“ во село Коџаџик, каде наставата се изведува на турски наставен јазик запишани се 29 првачиња или за две  помалку од минатата учебна година. Во оваа деветолетка настава следат вкупно 268 ученици.

Во единственото средно училиште во општината, гимназијата „АТА“,каде на македонски и турски наставен јазик настава следат 80 ученици, во прва година запишани се 20 ученици или три ученици помалку. Сите се за паралелката на турски,додека за настава на македонски наставен јазик не е запишан ни еден ученик. вт/сд/13:24

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...