Во Ветеринарна станица Неготино започна микрочипирањето на домашни миленици

Во Ветеринарна станица Неготино започна микрочипирањето на домашни миленици

Неготино, 3 септември 2018 (МИА) - Во Ветеринарната станица Неготино започна микрочипирањето на кучињата домашни миленици. Од Станицата денеска информираа дека Лео било првото микрочипирано куче, а оваа постапка веќе била спроведена над неколку домашни миленици. 

- Целата процедура е бесплатна. Сопствениците на кучиња треба само со себе да носат валиден документ како лична карта, заради идентификација. Потребни се и 120 денари за пасош на домашниот миленик. Со мирочипирањето, податоците за секое куче се внесуваат во базата на податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, појаснија оттаму.

Од станицата ги повикаа сите сопственици на домашни миленици, да ја извршат оваа законска обврска и да добијат пасоши за омилените животни од Ветеринарната комора. свд/вј/14:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...