• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Делчево почна спроведувањето на програмата за општинско-корисна работа

Во Делчево почна спроведувањето на програмата за општинско-корисна работа

Делчево, 3 септември 2018 (МИА) - Стартуваа активностите во рамки на програмата „Општинско-корисна работа“ која во наредните девет месеци ќе се спроведува на територијата на Општина Делчево.
 
Како што информираа од Агенцијата за вработување (АВРМ) - Делчево, десет од вкупно 12 лица во програмата ќе бидат ангажирани како образовни и лични асистенти, а две лица како негуватели во Дневниот центар за лица со посебни потреби.
 
- Работниот ангажман на лицата кои ќе бидат вклучени во програмата е 10 јуни 2019 година. Освен личните асистенти, според програмата со свој ангажман почнаа и двете лица кои ќе бидат ангажирани како негуватели во Дневниот центар за лица со посебни потреби и нивниот ангажман согласно оваа програма ќе биде заклучно со 28 февруари 2019 година, истакнаа од АВРМ Делчево.
 
Според информациите на АВРМ Делчево личните асистенти во двете општински основни училишта ќе им помагаат на децата кои што се вклучени во редовната настава и кои имаат потешкотии во совладувањето на наставните содржини или пак имаат проблем со самостојно движење низ училиштето поради физички хендикеп.
 
Вкупниот буџет на проектот за 2018 изнесува 1,32 милиона денари од кои 918.000 се средства од УНДП што ќе бидат наменети за плати за ангажираните лица и 112.200 денари од буџетот на Општина Делчево за персонален данок и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. вс/мч/15:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ