• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Се асфалтираат патишта во селото Моштица во општина Македонска Каменица

Се асфалтираат патишта во селото Моштица во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 4 септември 2018 (МИА) - Во тек се градежни активности за асфалтирање на локални патишта во село Моштица во општина Македонска Каменица.

Како што информираше градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова во оваа рурална средина во должина од околу 400 метри се асфалтираат локалните патишта во неколку маала во Моштица.

- Градиме пристапен пат до маало Бунар, маало Ваинци и маало Бабанец. Вредноста на оваа инвестиција во село Моштица е 2.326.062 денари. Со асфалтирањето на споменатите делници како локална самоуправа сметаме дека кој трајно се решава проблемот со поврзувањето на жителите на село Моштица со останатите делови од територијата на општина Македонска Каменица, рече Стаменкова.

Изведувач на работите е градежната фирма „Стоименов“ од Кочани, а според предвиденото асфалтирањето на споменатите локални патишта треба да заврши до крајот на оваа недела.

Како што информираше Стаменкова по асфалтирањето на овие пристапни патишта во село Моштица, општина Македонска Каменица продолжува со асфалтирање на пристапни патишта и во останатите селски средини. вс/рп/10:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ