• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Општина Делчево и граѓанскиот сектор изготвуваат заедничка стратегија за соработка

Општина Делчево и граѓанскиот сектор изготвуваат заедничка стратегија за соработка

Делчево, 4 септември 2018 (МИА) - Во Делчево се одржува четврта работилница за изработка на стратегија за соработка со граѓанскиот сектор. Проектот се спроведува во изминатите шест месеци, а цел на денешната работилница, како што истакна Тони Стоименовски од единицата на локалната самоупарава во Делчево е изработка на заеднички документ кој преку јавна објава ќе биде презентиран пред пошироката јавност.
 
- Цел на денешниот настан, покрај презентација на документот, e граѓанскиот сектор и претставници од локалната самоуправа да дадат свој придонес во изработката на финаланата верзија на истиот. По завршувањето на денешната работилница, документот ќе биде обајвен јавно каде што граѓанскиот сектор, претставниците од локалната самоуправа и сите други заинтересирани страни ќе имаат можност да дадат свој коментар, со што потоа сите коментари ќе бидат вградени во финалната верзија на стратегијата за соработка, рече Стоименовски.
 
Како што информираше Стоименовски, заради донесување на политичка одлука, до крај на овој месец завршниот документ ќе биде доставен до Советот на општина Делчево.
 
- Се надеваме дека со изработката на овој документ голема корист ќе има општина Делчево и граѓанскиот сектор, при што во следните четири години сите активности кои се спроведени во канцеларија ќе може да бидат преточени на терен, додава Стоименовски.
 
Изработката на стратегијата за соработка помеѓу општина Делчево и невладиниот сектор е финансирана од Европската Унија, а кофинансирана од организацијата „Преда плус“.вс/скс/12:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ