• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Кичевски "Комуналец" го чисти коритото на реката Сушица

Кичевски "Комуналец" го чисти коритото на реката Сушица

Кичево, 4 септември 2018 (МИА) - Градското комунално претпријатие "Комуналец" од Кичево, почна активности за чистење на коритото на градската река.
 
Се очекува до средината на септември целосно да биде исчистено речното користо.
 
- Започнавме со чистење на речното корито на Сушица. Го искористивме периодот кога водостојот во реката е најнизок, а тоа ќе овозможи работите да се одвиваат без застој. Инаку, ова е второ чистење на речното корито, откако во раната пролет првпат годинава го изведовме овој зафат. Во речното корито има доста трева, големи камења што ги донела реката по пролетните интензивни врнежи од дожд и ѓубре што го фрлаат во коритото неодговорните граѓани. Ако не се појават дополнителни проблеми, очекуваме до средината на септември да заврши овој зафат-информираа директорот Зенел Јонузи од комуналното препријатие.

Догодина според најавите од општина Кичево, се очекува на речното корито да се изведе целосна реконструкција со нови пешачки и велосипедски патеки, ново осветлување и други урбани содржини, а по завршувањето на овој проект и градот.рф/скс/13:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...