Учениците во Кочани почнаа да го користат редовниот линиски превоз

Учениците во Кочани почнаа да го користат редовниот линиски превоз

Кочани, 4  септември 2018 (МИА) - Наместо посебен превоз за доаѓање и враќање од училиште, учениците од училиштата во Кочани го користат постојниот линиски превоз.

Трошоците за превозот ќе ги покрива општина Кочани, а таквото решение е во согласност со одредбите на усвоениот Закон за дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај.

- Сакаме да ги демантираме сите дезинформации дека не е обезбеден превоз за  учениците кои учат во нашите училишта, туку согласно законските одредби ќе ги користиме услугите на носителите на дозвола на меѓуопштински линиски превоз. Тоа значи дека отсега превозот на учениците ќе биде на пазарна основа, односно нема да се плаќаат повисоки цени отколку за останатите патници, што беше практика во изминатите години. На овој начин превозот на ученици е организиран по реални цени и за реален број превезени патници, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.

За населените места каде во моментот не постои редовен линиски превоз или временскиот термин не е усогласен со почетокот на часовите во училиштата, се најдени соодветни решенија.


Со новиот начин на организирање на превозот по пазарни цени, според првичните пресметки, за една учебна година ќе се заштедат над 10 милиони денари. Со тие пари ќе се решаваат други проблеми во училиштата, како што се поправка на санитарни јазли, кровни конструкции и набавка на наставни помагала.

По основ на училишен превоз општина Кочани наследи долг од 38 милиони денари, а цените беа неколкукратно повисоки од пазарните. та/сд/13:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ