• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

„Рома Труба Фест“ по 13. пат утревечер на плоштадот во Куманово

„Рома Труба Фест“ по 13. пат утревечер на плоштадот во Куманово

Куманово, 4 септември 2018 (МИА) - Традиционалниот 13-ти Фестивал „Рома Труба Фест“ ќе се одржи утрвечер на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 19.30 часот, информираа на денешната прес конференција организаторите - Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“ и надлежните од секторот за култура од општина Куманово.

Годинава на фестивалот ќе настапат шест оркестри, од Македонија, Србија и Бугарија, оркестрите на „Кеми Асанов“, „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечировиќ“,, „Владимир Ивановиќ“, „Елвис Дејвид Бајрамовиќ“, „Мартин Салијевиќ“.

Претседателот на ансамблот „Рушит Шаќир“, Самет Салиевски, информираше дека и годинава пред кумановската публика ќе настапат Ферус Мустафов, Тони Димитриоски, Стојне Николова.

-Задоволен сум од програмата и учесниците. Станува збор за високорангирани оркестри. Посебен акцент ќе ставиме на Џамбо Агушев, кој ќе настапи повеќе од еден час пред публиката, изјави Салиевски.

Тој оцени дека секоја година има повеќе интерес за манифестацијата и изрази надеж дека идната година фестивалот ќе трае два дена.

Фестивалот „Рома Труба Фест“ и годинава се одржува со поддршка на градоначалникот и советот на општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија.ам/сд/14:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...