• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Осум лица вклучени во програмата за општинско корисна работа во Кочани

Осум лица вклучени во програмата за општинско корисна работа во Кочани

Кочани, 4 септември 2018 (МИА) - Осум невработени лица од Кочани во наредните шест, односно девет месеци ќе бидат работно ангажирани во проектот „Подај рака“ од програмата општинско корисна работа. Четворица ќе работат како лични асистенти на лица со инвалидност, а останатите како образовни асистенти во основните училишта во Кочани.

Ангажираните лица и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска ги потпишаа договорите за работен ангажман, со што официјално започнуваат активностите во рамките на проектот. Лицата ќе работат 20 часа неделно за месечен  надоместок од девет илјади денари.

Општина Кочани петти пат е  дел од Програмата општинско корисна работа што ја финансира УНДП  во соработка со Министерството за труд и социјална политика. На локално ниво овој проект Општината  го  реализира заедно со Центарот за вработување – Кочани, Центарот за социјална работа и невладиниот сектор.

Општина  Кочани досега преку проектот ангажираше вкупно 36 лица  за вршење работи во социјалната и детската заштита во различни сфери, при што се опслужени над 500 корисници на услуги од овие области.та/скс/14:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ