• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во штипската населба „Сењак“ се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Во штипската населба „Сењак“ се реализираат неколку инфраструктурни проекти

Штип, 4 септември 2018 (МИА) - Во штипската населба „Сењак“ почнува градежна офанзива, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска направи увид при асфалтирањето на улицата „Ѓорги Петров“.

- Денеска се наоѓаме во населбата Сењак, кај улицата „Ѓорги Петров“, каде извршуваме реконструкција и санација на постојната улица, се поставува нов слој аслфалт на 900 метри квадратни од оваа улица. За денешната градежна активност издвојуваме над 356.000 денари. Ова е уште еден проект којшто го реализираме во населбата Сењак. Како што знаете, се работи на многу улици, а овде, во непосредна близина наскоро ќе се асфалтираат улиците околу објкетите „Луна Комерц“, рече Бочварски.

Тој истакна дека неодамна беше поставена и нова водоводна и канализациона мрежа, а изграден е нов тротоар на улицата „Борис Крајгер“, како што рече беа спроведени и повеќе акции за чистење и уредување на населбата, како и осовременување на училиштето и градинката во оваа населба. Бочварски најави дека овој месец ќе започне изградбата на нова детска градинка, со што ќе се зголеми капацитетот за згрижување за околу 200 дечиња.вдј/скс/15:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...