• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Општина Битола реконструира локални улици во градот

Општина Битола реконструира локални улици во градот

Битола, 4 септември 2018 (МИА) - Општина Битола почна со инфраструктурни активности на улицата „Климент Охридски“ каде увид во градежните активности изврши градоначалникот Наташа Петровска.

Според планот на локалната самоуправа, инфраструктуриот зафат ќе се врши од пред Музејот во Битола до улицата „Солунска“.

- Со инфраструктурното уредување на овој дел од улицата, ќе биде поставен нов водовод, канализација и коловоз за што се планирани 10 милиони денари. Реконструкцијата на канализациската мрежа на улицата „Климент Охридски“ ќе ја изврши КЈП „Нискоградба“, додека пак комплетната водоводна инфраструктура со сите приклучоци ќе ја изврши ЈП „Водовод“-Битола, потврди Петровска. мт/мд/15:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ