• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Бертолини: ЕУ нуди грантови преку фондовите за развој на стопанството и на граѓанскиот сектор

Бертолини: ЕУ нуди грантови преку фондовите за развој на стопанството и на граѓанскиот сектор

Прилеп, 4 септември 2018 (МИА) - Фондовите на Европската унија им се достапни на сите во земјава, особено за локалниот економски и граѓански развој, беше посочено на денешната работилница во просториите на општина Прилеп на која раководителот на секторот за соработка со делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини им објасни на прилепските стопанственици и на граѓанскиот сектор како успешно да се реализираат проекти и да се стигне до средствата од ЕУ-фондовите.

Според Бертолини, има голем интерес за европските фондови и од целата помош што ја нуди ЕУ за земјава, 40 отсто од средствата се насочени за помош на локалните заедници. Многу е направено, рече, но потребни се подобрувања во таа насока.

- Најзначаното за успешно реализирање проекти на локалната самоуправа е инвестирањето во човечките ресурси. Пред се, тоа треба да бидат млади луѓе кои ќе бидат обучени за работа на вакви проекти, а многу е битна инклузивноста на сите заедници во решавањето на локалните проблеми преку овие проекти, изјави Бертолини.

За Бартолини процедурите се направени да одговорат на потребите за да се има поголема контрола на целиот процес за барањата на даночните обврзници за средствата од европските фондови.

- Ние можеме да понудиме даобјасниме каков е начинот за да се помогне за аплицирањето на тие проекти. Ние ѝ помагаме на владата да се фокусира на решавањето на локалните проблеми, на тој начин што бараме да се децентрализира процесот на спонзорирањето на тие проблеми. Досега ситуацијата се одвива во одредена насока, не е доволно добро, но ние правиме напори да ја насочиме владата во изнаоѓањето решенија во таа насока, рече Бертолини.

Сеуште, додаде, не се најдобро искористени средствата што ги нуди Европската унија. Најмногу кога станува збор за големи инфраструктурни проекти, па работтата долго се одложува и станува песимистички кога е во прашање некој поизтивен резултат. Од ЕУ работат на надминување на ситуацијата и на ефикасноста.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека за Македонија е најбитно  приклучувањето кон ЕУ и НАТО, а локалната самоуправа прави се за да се искористат европските фондови.

- Ќе се заложиме за да направиме амбиент и услови за имплементација на сето она што го имаат замислено стопанствениците, во смисла на подобрување на инфраструктурата, особено патната, потоа промена на деталните урбанистички планови во градот, како и организирање вакви средби кои се како промоција на начинот како да се дојде до европските пари. Најажно е тоа дека се што нуди ЕУ, а и можноста на приклучување на Македонија во НАТО даваат одлични можности и предуслови за да ги повикам граѓаните на 30 септември да излезат и да гласата на референдумот, зашто тоа нуди подобро земјоделство и подобар нбачин на живеење на нашите сограѓани, повеќе работни места и подобра економија, рече Јованоски.

Попладнево од 18.30 часот во Прилеп претставниците на ЕУ и амвбасадорот на Република Австрија ќе имаат средба и дебата со земјоделците од прилепско-пелагонискиот регион. ем/вј/15:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ