• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Делчево се збратимува со општина Горажде

Делчево се збратимува со општина Горажде

Делчево, 4 септември 2018 (МИА) - Делчевскиот Совет денеска ја поддржа одлуката за збратимување на општина Делчево со општина Горажде. Како што истакна градоначалникот на општината Горан Трајковски, иницијативата за збратимувањето со босанската општина произлегува од неколкуте заеднички средби и неодамнешната посета на Горажде од страна на делегација на општина Делчево.

- Денешната ницијативата за збратимување на двете општини, произлезе од нашите средби во Турција и од нашата посета на градот Горажде која што се реализираше на нивна покана. На средбите кои ги имавме со нивни високи претставници и тамошниот градоначалник Мухамед Рамовиќ, домаќините изразија желба да се збратимат со Делчево, што за прв пат ќе претставува збратимување на Горажде со општина од Македонија. Воедно за прв пат општина Делчево ќе се збратими со општина од Босна и Херцеговина, рече Трајковски.

Според Трајковски, покрај соработката во делот на културата, главна цел на збратимувањето со Горажде е создавање иницијатива за економска и секаков друг вид на соработка.

- Поради ниската ставка на невработеност од само пет проеценти, Горажде е место каде луѓето доаѓаат таму да живеат, а не да се иселуваат. За време на војната во Босна и Херцеговина, оваа општина, иако претрпела големи економски штети, денес претставува своевидно економско чудо со минимален број на невработени луѓе. Ценам дека нивната успешна формула за раст на економијата може да ја примениме и овде во Делчево, додаде Трајковски.

Инаку, освен со Горажде, Делчево е општина која е збратимена со уште шест општини од Србија, Бугарија, Турција, Украина и Полска. вс/вј/16:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ