Санација на улици во општина Гевгелија

Санација на улици во општина Гевгелија

Гевгелија, 5 септември 2018 (МИА) - Во финална фаза се наоѓа летната санација и реконструкција на главните и најоштетените улици во градот Гевгелија и поголемите населени места кои поради дотраеноста го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

Поголемиот дел од виталните сообраќајници во градот и населените места целосно се веќе обновени и асфалтирани, а остана да се заврши уште помал дел од работата и да го објавиме крајот на акцијата, велат од општината.

- За комплетна реализација на предвидените активности во Гевгелија остана да се асфалтира улицата „Белградска“, преостанатиот дел од улицата „Јане Сандански“ и целосно да се покрие со нов асфалт улицата „Ѓоко Тутушев“ откако на неа ќе завршат работите за поставување на атмосферска канализација, посочија од општината.

Покрај ова, во тек се работите за поставување нова канализациска мрежа на улицата „Гоце Делчев“ во Негорци која исто така ќе добие нов асфалт по што ќе биде означен и крајот на акцијата за летна санација на улиците во општина Гевгелија. им/аа/11:42

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...