Завршува реконструкцијата на игралиштето во штипската населба „Леваци“

Завршува реконструкцијата на игралиштето во штипската населба „Леваци“

Штип, 5 септември 2018 (МИА) - Завршува реконструкцијата на детското игралиште во штипската населба „Леваци“, кое се гради со средства од буџетот на општината, но и со донации од граѓани кои живеат во населбата. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска истакна дека станува збор за игралиште кое со децении го користат младите жители на оваа населба, но и кое со децении било оставено на забот на времето, без никакви градежни зафати или обиди за реконструкција.

- Работиме на асфалтирање на два дела за спортување во игралиштето. Претходно ЈП „Стипион“ овде изврши ископ на материјалот, тампонирање на овој простор и поставување неколку бетонски ѕидови. Сега веќе се асфалтира и во наредниот период ќе продолжиме со изработка на уште неколку бетонски елементи, ѕидови, со што ќе ја привршиме реконструкцијата на ова игралиште, рече Бочварски.

Во моментов, појасни, се асфалтираат 480 метри квадратни  за  два спортски терена. Еден терен ќе биде предвиден за мал фудбал и за кошарка, а другиот терен ќе биде предвиден за одбојка.  Целото игралиште ќе чини  околу 2.500.000 денари. вд/сст/13:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ